среда, 29 април 2026

Германија го предложи Гебрејесус за втор мандат на чело на СЗО

Објавено на

часот

Сподели

„Германија го именува Тедрос за нов мандат“, изјави портпаролот на германското министерство.

Официјалната поддршка на една земја е неопходна за некој да биде кандидат.

Во 2017 година Тедрос Аданом Гебрејесус стана првиот Африканец на чело на таа моќна агенција на ОН, која е на првата линија на борбата против пандемијата на ковид-19.

Етиопскиот дипломат сè уште официјално не објави дали ќе се кандидира за втор петгодишен мандат, но дипломатски извори велат дека тој е кандидат.

Неговата кандидатура е комплицирана бидејќи Етиопија ја повлече својата поддршка поради конфликтот во неговиот роден регион Тиграј.

Кандидатите за раководство на тоа тело на ОН обично се именуваат од нивните земји на потекло, но тоа не е задолжително.

Повеќето набљудувачи очекуваа официјална поддршка од африканските земји, а објавата на Германија беше изненадување.

Земјите-членки на СЗО имаат рок до денес до 18 часот да предложат кандидати за функцијата генерален директор, но имињата нема да бидат официјално објавени сѐ до почетокот на ноември. Ако има повеќе од еден кандидат, првиот процес на селекција ќе почне во јануари 2022 година за да се воспостави пократок список од најмногу пет кандидати.

Земјите-членки ќе гласаат за нов шеф на СЗО на тајно гласање за време на светското здравствено собрание во мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ