среда, 29 април 2026

Франција: ЕУ повеќе не може да смета дека САД ќе ја заштитат, Европејците да ги отворат очите

Објавено на

часот

Сподели

Првата лекција која може да се научи од оваа епизода е дека Европската Унија мора да изгради своја стратегиска независност, кажа францускиот министер.

„Авганистанската епизода, епизодата со подморниците, покажуваат дека повеќе не може да сметаме дека САД ќе ја гарантираат нашата стратегиска заштита“, кажа Ле Мер за Франс инфо.

Тој додаде дека САД од стратегиски аспект имаат само една грижа и дека тоа е Кина.

„Потребно е нашите европски партнери да ги отворат очите“, кажа министерот.

Австралија го прекина договорот со Франција откако Вашингтон, Канбера и Лондон склучија стратегиско партнерство во индошацифичкиот регион, во кој е вклучена и набавка на американски подморници.

Како јадро на новиот безбедносен пакт, Австралија ќе набави подморници на нуклеарен погон со американска технологија, еднострано раскинувајќи го договорот со Франција за изградба на 12 конвенционални подморници на дизел.

Кина ја осуди „исклучително неодговорната“ продажба на американски подморници на нуклеарен погон на Австралија во рамки на новото партнерство.

Пекинг ги обвини САД, Австралија и Британија дека покажуваат „менталитет од Студената војна“ и дека го користат нуклеарното оружје за геополитички цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ