понеделник, 8 јуни 2026

ЕУ воведува санкции врз Иранците поради затворањето на Ормус

Европската унија денес воведе санкции врз двајца ирански функционери и една организација поради нивната улога во активности што Брисел ги смета за закана за слободата на пловидба на Блискиот Исток, вклучително и активности поврзани со Ормускиот теснец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советот на Европската унија објави дека санкциите се усвоени во рамки на проширена правна рамка за мерки против лица и субјекти вклучени во ирански активности што ја загрозуваат слободата на пловидбата.

На списокот на санкционирани лица се наоѓаат Мохамед Акбарзаде, портпарол на поморскиот огранок на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), и покраинската команда на ИРГЦ во Хормозган.

ЕУ исто така воведе санкции врз Хамид Хосеини, претставник на Иранското здружение на извозници на нафта, гас и петрохемикалии.

Според одлуката на Советот на ЕУ, на сите санкционирани лица и организации им се замрзнува имотот во Европската унија, и забрането е директно или индиректно да им се стават финансиските средства или економските ресурси на нивно на располагање.

За физички лица опфатени со санкциите воведена е и забрана за патување во земјите-членки на Европската унија.

Санкциите доаѓаат во време на зголемени тензии околу Ормускиот теснец, еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на нафта и течен гас, низ кој минува значаен дел од глобалната трговија со енергенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ