среда, 29 април 2026

Ердоган: САД треба повеќе да им помагаат на бегалците од Авганистан, 20 години беа таму

Објавено на

часот

Сподели

Турција, земјата со најмногу бегалци во светот, околу четири милиони, претежно Сиријци, предупреди дека не може да прифаќа повеќе луѓе од Авганистан.

„Во моментов, САД не ги исполнуваат своите обврски. Имаме повеќе од 300.000 авганистански бегалци и повеќе нема да можеме да прифатиме никого друг од Авганистан“, рече Ердоган претходно за телевизијата Си-би-ес.

Тој додаде дека САД треба да направат и да инвестираат повеќе, бидејќи беа присутни во Авганистан веќе 20 години.

Приливот на бегалци од Авганистан се зголеми минатиот месец кога талибанците ја презедоа власта во таа земја.

Во своето обраќање, Ердоган предупреди и на нов потенцијален бран бегалци предизвикан од климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ