вторник, 28 април 2026

Единствена Русија освои 49,42 проценти од гласовите по изброени 80 проценти од ливчињата

Објавено на

часот

Сподели

На второ место е Комунистичката партија со 19,28 проценти, потоа Либерално-демократската партија на Русија, која освои 7,55 проценти, Праведна Русија со 7,37 проценти и партијата Нови луѓе со 5,37 проценти, пренесе агенцијата ТАСС.

Оние пет партии што го поминале прагот од пет проценти ќе влезат во парламентот.

Прагот не го поминаа Партијата за раст со освоени 2,53 проценти, Граѓанската платформа со 1,33 проценти, Јаблоко со 1,1 процент и други партии што добија помалку од еден процент од гласовите.

Ова се резултатите за 225 пратеници на Државната дума што се избираат според пропорционалниот систем, односно преку листи, додека останатите 225 членови на долниот дом на парламентот ќе бидат избрани по мнозински принцип, со индивидуален натпревар на кандидати.

Изборите за Државната дума се одржаа во Русија од 17 до 19 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ