среда, 29 април 2026

Диви свињи на улиците на Рим (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во последните години во Рим граѓаните гледаат сè повеќе диви свињи, а како главна причина за тоа се смета несредената ситуација со градското ѓубре кое се прелева од пренатрупаните канти и контејнери.

Снимките кои се појавија на социјалните мрежи прикажуваат група диви свињи како минуваат покрај автомобилите и пешаците во Монте Марио, северниот дел на градот.

[video:https://youtu.be/aO-UdIQEA6U autoplay:0]

„Се плашам… Еднаш ги видов кога одев да фрлам ѓубре, тргнаа по мене“, кажа за Ројтерс Роса Карлети, жителка на Рим.

„Знаеме дека нема да нè нападнат, но секогаш држиме дистанца, бидејќи ако станува збор за мајка со младенчиња, постои ризик од напад“, кажа жителот на Рим Леонардо Зеноби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ