„Македонија турист“ ги поседува и хотелите „Белви“, „Бест-вестерн“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои се активни и работат.
На закажаното собрание на акционерите на „Македонија турист“ ќе се гласа и за предлог одлуката за купување недвижен имот во скопско Ново Лисиче.
„Станува збор за градежно земјиште со површина од 8.081 метри квадратни за кое согласно важечкиот Детален урбанистички план, има маркица за градба на деловен простор и станбен простор со вкупно бруто изградена површина од 34.987 метри квадратни. Купопродажната цена на недвижниот имот ќе биде извршена по пазарна цена за соодветен недвижен имот во вкупна вредност од 17,7 милиони евра во денарска противвредност, зголемена за сите соодветни јавни давачки, односно даноци“, се вели во предлог-одлуката.






