среда, 29 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче доби нова шлаканица, Вајц потврди напредок на Македонија на патот кон ЕУ

Еве, сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости. Прво, Вајц вчера јасно кажа дека интервјуто е старо и оти e дадено пред седум недели. Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, односно на реализирање на европската агенда, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното интервју на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц за ТВ Канал5.

Објавено на

часот

Сподели

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, добил шлаканица од европратеникот Вајц, кој рече дека неговото последно интервју дадено за Еуроњуз на бугарски јазик, во кое тој вели дека нема напредок во реформите во Македонија, било дадено на почетокот на март и дека тогаш ја одразувало моменталната состојба.

Вајц во вчерашното интервју за ТВ Канал 5 рече дека забележува напредок во евроинтеграциите на Македонија и дека земјата има дополнително време да ги исполни потребните чекори од реформската агенда до јуни. Тој исто така додаде дека во задоцнетото објавување на неговото интервју на Еуроњуз на бугарски јазик (на 26 април, а дадено пред 7 недели) гледа некаква скриена агенда.

„Мислам дека не е многу професионално, ни беше кажано поинаку. Бев малку изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, да за жал изгледа дека има некаква агенда зад тоа“, кажа Вајц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ