среда, 29 април 2026

Дачиќ гневен поради одземањето на српските таблички: „Нема да дозволиме етничко чистење на Србите“

Објавено на

часот

Сподели

Дачиќ кажа и дека сето ова му изгледа како проба на Приштина, со која тестира како сите ќе реагираат на „бруталното газење на сите договори од Брисел“.

„Тие сакаат да видат како ќе реагираат на примена на сила и дали тоа ќе им помине. Сигурен сум дека во нивните глави има уште многу акции и инциденти кои би сакале да ги изведат. Претседателот Александар Вучиќ беше јасен – обврска на КФОР, односно НАТО, кој е рбетот на КФОР, е да ја гарантира безбедноста во согласност со Резолуцијата 1244. Ние јавно ги предупредуваме дека Србија нема да дозволи повторно етничко чистење на Србите на Косово и Метохија, како што тоа Хрватска го направи во Република Српска Краина. Тие е предизвикување, не на регионална, туку на нова светска криза“, кажа Дачиќ за Танјуг.

Тој порача дека проблемот со табличките треба да се реши со дијалог, а не со примена на сила.

„Ова е централното прашање, а мислам дека Приштина сама од себе нема да се откаже од ваквите акции, е дали меѓународната заедница ќе се позанимава со ова прашање или ќе ја сврти главата, или можеби некој и ќе поттикнува на вакви акции? Да бидам јасен: против сум на какво било прекинување на дијалогот. Србија не смее да го направи тоа, но Србија мора да бара од ЕУ да се изјасни дали стои зад Бриселскиот договор“, кажа Дачиќ и додаде дека Косово „отсекогаш сакало својата таканаречена независност да ја изрази со свои таблички и непризнавање на српските документи“.

Нему, како што кажа, му е несфатливо што толку години по потпишувањето на Бриселскиот договор само Србија да го почитува договореното.

„Несфатливо е тоа што само Србија беше конструктивен фактор, а дека другата страна одби да го примени она што беше нашата причина за прифаќање на договорот – формирањето на Заедницата на српски општини. ЕУ ниту слуша ниту се огласува. Се однесуваат во согласност со познатите добитници на светските награди кои повикуваат на мир во светот. Постојано ги предупредуваат двете страни. Веројатно треба да се предупреди или санкционира страната која го крши Бриселскиот договор. ЕУ е гарант на договорот, но каков е нивниот кредибилитет ако не можат да застанат зад договорот? Имаме големи сомнежи во тоа дека ЕУ ќе го притиснат Курти“, кажа Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ