среда, 29 април 2026

ЦИА го смени шефот на центарот во Виена поради „хаванскиот синдром“

Објавено на

часот

Сподели

Весникот, повикувајќи се на неименувани сегашни и поранешни американски функционери, оцени дека најновата акција ќе испрати порака дека лидерите ќе мора сериозно да го сфатат „хаванскиот синдром“, односно мистериозните здравствени проблеми кои вклучуваат мигрени, мачнина, губење на памтењето и вртоглавица.

Според Вашингтон пост, десетици американски службеници во главниот град на Австрија, вклучувајќи дипломати и разузнавачи, како и неколку деца на американскиот персонал, пријавиле симптоми на синдромот.

Директорот на ЦИА Вилијам Брнс во јули кажа дека околу 100 службеници на ЦИА и членови на нивните семејства се наоѓаат меѓу 200 американски функционери и нивни блиски кои заболеле од „хаванскиот синдром“.

Синдромот првпат го пријавија функционери во американската амбасада на Куба во 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ