Таа смета дека таква одлука евентуално би довела до почнување процес на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
На конференција за новинари по отворање нова ковид болница во Нови Сад, Брнабиќ кажа дека таа не би сакала на лекарите да им наметнува „толку очигледни работи“ како обврска, бидејќи смета дека тоа би било навредување.
„Мислам дека здравствените работници веруваат во науката и во здравството и дека тие ќе ја поведат вакцинацијата“, кажа Брнабиќ.
Истакна дека евентуалното воведување задолжителна вакцинација во здравството би довело до отпуштање на 20 отсто на здравствените работници кои од некои причини не сакаат да се вакцинираат.
„Тогаш ги имате синдикатите, оние за човекови права и 300 чуда кои доаѓаат со тоа. Затоа мислам дека постои друг начин, да победи разумот“, кажа таа.
Истакна дека кризниот штаб на српската влада ќе разговара за тоа на следната седница.






