Среде растечките тензии со Кина, Бајден кажа дека САД „не сакаат нова студена војна“.
Не спомнувајќи ја директно Кина, Бајден ја призна сè поголемата загриженост поради порастот на тензиите меѓу двете земји.
„Не сакаме нова студена војна или свет поделен на тврди блокови“, кажа американскиот претседател.
Потсети на својата одлука минатиот да ја заврши најдолгата американска војна во Авганистан и истакна дека американската администрација сега ќе го насочи вниманието на интензивната дипломатија и решавањето на кризите со кои се соочува светот.
„Го завршивме 20-годишниот конфликт во Авганистан“, кажа Бајден.
„Затворајќи го овој период на безмилосна војна, отвораме нова ера на интензивна дипломатија користејќи ја силата на нашата развојна помош за да им помогнеме на луѓето низ светот“, додаде американскиот претседател.
Кажа дека САД ќе бидат лидер во соочувањето со предизвиците но дека тоа нема да го прават сами.
Бајден во понеделникот пристигна во Њујорк на состанок со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш пред денешното обраќање.
[video:https://youtu.be/idFdFX93HTE autoplay:0]





