Пратеникот на владејачката Социјалистичка партија Таулант Бала кажа дека лидерите на сите парламентарни групи се сложиле вакцините да бидат задолжителни, како и дека повеќето седници ќе се одржуваат онлајн.
Вакцинацијата е веќе задолжителна за албанскиот медицински персонал, наставниците, професорите и студентите,
Здравствените функционери порачуваат дека следната недела, кога ќе почне школската година, би можел да следи уште еден пораст на инфекциите.
Албанија во август забележа значителен пораст на дневните случаи, а една третина од 2,8 милиони жители на земјата е целосно вакцинирана.






