среда, 29 април 2026

АФП: Советот за безбедност согласен за она што се очекува од талибанците

Објавено на

часот

Сподели

„Имаше голема согласност за тоа што сакаме да го видиме од талибанците, особено за прашањето за почитување на правата на жените и девојките, борбата против тероризмот и наркотиците“, рекла таа по состанокот на министрите на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Соговорничката на АФП рекла дека мисли дека никој, вклучително и Кина, не е задоволен од составот на привремената влада формирана од талибанците по доаѓањето на власт во средината на август.

Лондон, кој го свика состанокот, рече дека се залага за „унифициран став во дијалогот со талибанците“.

„Големите сили сакаат Авганистан да биде мирен и стабилен, каде што хуманитарната помош може да се дистрибуира без проблеми и без дискриминација“, изјави по состанокот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Повеќето светски влади сè уште не ја признаа владата назначена од талибанците и бараат новите владетели на Авганистан прво да исполнат повеќе услови, вклучувајќи почитување на правата на жените и ветување дека на Авганистанците што сакаат да ја напуштат земјата ќе им дозволат да го сторат тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ