сабота, 18 април 2026

Трамп го демантираше ослободувањето на 20 милијарди долари замрзнат ирански имот

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју изјави дека Иран „се согласил на сè“ и ќе соработува со Соединетите Американски Држави на отстранување на својот збогатен ураниум. Тој нагласи дека договорот не вклучува испраќање американски копнени трупи, пишува Си-би-ес њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога беше прашан кој точно ќе го преземе ураниумот, Трамп одговори само: „Наши луѓе“. „Не. Нема никакви војници“, кажа тој. „Ќе одиме таму и ќе го земеме заедно со нив. Ќе го земеме заедно бидејќи до тогаш ќе имаме договор, а кога ќе има договор, нема потреба да се бориме. Убаво, нели? Тоа е подобро. Да мораше, ќе го направевме на друг начин“.

Американскиот претседател додаде дека материјалот потоа ќе биде транспортиран во САД. „Нашите луѓе, заедно со Иранците, ќе соработуваат во неговото преземање. А потоа ќе го донесеме во САД“, кажа тој.

Трамп тврди и дека Иран се согласил да престане да ги поддржува терористичките групи кои дејствуваат како негови посредници, како што се Хезболах и Хамас. На прашањето кога ќе биде објавен договорот, Трамп одговори дека двете страни се состануваат овој викенд и дека САД ќе ја продолжат блокадата „сè додека не го завршиме тоа“.

Иако порталот Аксиос објави дека администрацијата на Трамп ја разгледала можноста за ослободување на 20 милијарди долари замрзнати ирански средства во замена за нуклеарниот материјал, претседателот го негираше ова. „Не, не плаќаме ниту 10 центи“, порача Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ