вторник, 15 јули 2025

Шумски пожар во Калифорнија на повеќе од 28.000 хектари: Ангажирани повеќе од 600 пожарникари (ВИДЕО)

Повеќе од 600 пожарникари се ангажирани во гаснењето на големиот шумски пожар во Калифорнија, кој за два дена опустоши повеќе од 28.300 хектари, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп го намалува буџетот на службите за справување со катастрофи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот „Мадре“ избувна во среда во централниот рурален округ Сан Луис Обиспо.

Околу 200 луѓе добија наредба да се евакуираат, неколку десетици згради беа загрозени од пламен.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека во последните 24 часа избувнале 15 нови пожари.

Зимата и пролетта беа невообичаено суви во Јужна Калифорнија, а вегетацијата е толку сува како да е веќе средина на летото.

Зголемениот ризик од пожари доаѓа кога Трамп спроведува значителни намалувања на буџетот и отпуштања во Шумската служба, Националната океанска администрација и Федералната агенција за управување со катастрофи.

Гувернерот Њусом, можен кандидат за претседател на Демократската партија за 2028 година, го обвини Трамп дека не ги финансирал соодветно напорите за расчистување на грмушки и контролирано палење за да се спречат шумските пожари.

„Трамп треба да се разбуди и да почне да ги финансира федералните пожарникари и екипите за управување со земјиштето во овие рурални заедници – наместо да дава даночни олеснувања на милијардерите“, напиша Њусом на социјалната мрежа Икс.

„Некомпетентноста на Трамп ги става животите во опасност“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ