среда, 6 мај 2026

Во Перу најдена мумија постара од Инките, целата изврзана со јажиња (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мумифицираните остатоци му припаѓаат на поединецот на култура која се развила меѓу брегот и планините на оваа јужноамериканска земја. Мумијата, чиј род сè уште не е специфициран, е откриена во регионот Лима, кажа археологот Питер ван Дален Луна од универзитетот Сан Маркос.

„Главната карактеристика на мумијата е што целото тело ѝ е изврзано со јажиња и што рацете ѝ го покриваат лицето, што веројатно било дел од локалниот погребен обичај“, кажа Ван Дален Луна, а пренесува Гардијан.

Мумијата е најдена во подземна структура откриена на периферија на градот Лима. Во гробницата се најдени и керамика и камено орудие.

Во Перу има стотици археолошки наоѓалишта од култури кои се развиле пред и по царството на Инките, кое доминирало низ Јужна Америка пред 500 години.

[video:https://youtu.be/j3WJae0b5Ag autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ