Тој за движење ја користи технологијата на магнетна левитација, позната како „маглев“, а која функционира врз принципот на одбивање на магнетните полови.
Магнети под возот ја користат оваа сила за да лебдат над магнетите на шините, се наведува во видеото објавено на твитер профилот на Светскиот економски форум.
Тоа го елиминира триењето и овозможува многу поголеми брзини. Уште еден сет магнети вградени во шините служи за туркање и влечење на возот.
Со овој кинески воз од Пекинг до Шангај би можело да се стигне за само два и пол часа, што е двојно побрзо отколку по брза пруга. Меѓутоа, претходно треба да се изгради инфраструктурата.
This is the fastest train in the world.
Discover more about this record-breaking machine: https://t.co/qcTUPYXGHs pic.twitter.com/d1FbDqmOWq
— World Economic Forum (@wef) November 9, 2021






