сабота, 18 април 2026

Орландо и Феникс се последните учесници во НБА плеј-офот (ВИДЕО)

Ноќеска завршија последните два меча од плеј-ин, Орландо со убедливи 121-90 го победи Шарлот, а победа славеше и Феникс над Голден стејт со 111-96.

Објавено на

часот

Сподели

Орландо предноста ја направи уште во првото полувреме кое го доби со неверојатни 68-37. Мечот беше решен рано, па вториот дел беше само рутинска завршница.

Најефикасен беше Банкеро со 25 поени, Вагнер постигна 18, во составот на Шарлот најдобар беше Бол со 23 поени.

Нешто понеизвесно беше на дуелот меѓу Феникс и Голден стејт иако домаќините ја добија првата четвртина со 33-15. Во вториот период поранешниот шампион се врати и на полувремето резултатот беше 50-45, имаа само пет негатива.

Сепак до крајот на мечот Феникс одигра подобро и славеше со 111-96.

Грин со 36 поени беше најефикасен на теренот, во составот на Голден стејт се истакна Подзиемски со дабл-дабл, 23 поени и 10 скокови.

Плејоф паровите:

Оклахома – Феникс
ЛА Лејкерс – Хјустон
Сан Антонио – Портланд
Денвер – Минесота
Детроит – Орландо
Кливленд – Торонто
Бостон – Филаделфија
Њујорк – Атланта

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ