петок, 17 април 2026

Милиони стари мобилни телефони сè уште седат во фиоки низ цела Германија

Наместо да завршат на рециклирање или кај нов сопственик, милиони стари мобилни телефони сè уште собираат прашина во фиоки низ домовите во Германија.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Во анкета на дигиталното здружение Битком 86 проценти од испитаниците имаат барем еден мобилен телефон или паметен телефон што не го користат. Во истражувањето учествувале 1.004 лица над 16 години.

Низ домовите во фиоките има 167 милиони стари уреди, што е за 28 милиони помалку од минатата година, процени Битком, пренесува ДПА.

Здружението наведува дека е добро што има помалку телефони, но нагласува дека фиоките се празнат многу бавно.

“Во германските домаќинства сè уште има огромни количини на скапоцени суровини кои не се користат”, рече генералниот директор на Битком, Бернхард Роледер.

Старите паметни телефони содржат злато, сребро, бакар и ретки метали.

“Многу стари уреди се сè уште функционални или можат да се обноват”, додаде Рохледер.

Кога повеќе не ги користите своите уреди, размислете за можноста да ги продадете, подарите, донирате или професионално обновите, повика директорот на Битком.

Ако уредот е дефинитивно неупотреблив, мора правилно да се отстрани – никако во куќниот отпад”, заклучи Роледер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ