петок, 17 април 2026

Во Истанбул промоција на книга за миграциите од Егејска Македонија во Турција

Македонскиот културен центар во Истанбул на 20 април (понеделник), со почеток во 18 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се фокусира на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе до масовни преселби и длабоки промени во животите на македонските и турските заедници во Егејска Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на миграцијата на населението од Егејска Македонија во Турција и нејзините последици врз идентитетот, јазикот и културното наследство. За книгата и темата ќе говорат проф. д-р Елка Јачева Улчар, лингвист, која ќе се осврне на јазичните слоеви и зачувувањето на македонските говори меѓу заедниците во Турција и Елена Христова, истражувач, документарист и музичар. која преку својата долгогодишна теренска работа има документирано значаен дел од усното наследство, музичката традиција и културните практики на македонската дијаспора во Турција.

Настанот ќе се одржи во присуство на авторката Суреја Ајташ со потекло од село Жервени, Егејска Македонија, со која публиката ќе има можност за разговор и размена на мислења.

Оваа книжевна вечер има за цел да отвори простор за сеќавање, дијалог и ново читање на преплетената историја, поставувајќи прашања за идентитетот, припадноста и културната континуитетност во современиот свет, соопшти македонскиот КИЦ во Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ