Годинава тоj се одржа во Културниот центар „Фазил Искандер” на 17 април. Главни гости на настанот беа деца на 12-13 годишна возраст и нивните наставници. Панкина кратко ги запозна со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители св. рамноапостолни браќа Кирил и Методиj и панорамски ги претстави македонските автори од класиците (Блаже Конески, Славко Jаневски, Анте Поповски, Матеја Матевски) до современите, со посебен осврт на тие кои пишуваат за деца и млади. Во тоа претставување ѝ помагаа артистите на театарот „Город”.
Во фоајето на Центарот беше поставена изложба на книги на македонските автори преведени на руски од Олга Панкина. Изложбата ќе биде отворена до крајот на мај.

На средбата беше изведена македонска народна музика, беа прикажани видеа за културата и природните убавини на Македонија.






