Алкалоид добро влезе во мечот, имаше предност од 4-1, а проблемите на Вардар се чинеше дека се зголемија по црвениот картон на Митровиќ во раната фаза од натпреварот.
Сепак, како одминуваше натпреварот Вардар играше се подобро, брзо го сврте резултатот и на одморот замина со водство од 18-16.
Во второто полувреме црвено-црните беа многу доминантни, дојдоа и до двоцифрена гол разлика, беше 29-19. Откако беше решен победникот, Чупиќ почна да ротира, ги седна на клупа најдобрите, тоа го искористи Алкалоид за да се избори за попристоен пораз. Конечниот резултат беше 33-28 за Вардар.
Јака Малус со девет голови беше најдобар во составот на Вардар, одличен беше Тузолана кој постигна шест од шест. Милош Валах одбрани десет удар. Во тимот на Алкалоид Дамјан Митев реализираше шестпати.
Вардар во неделното финале ќе игра против Охрид кој денеска беше подобар од Пелистер so 26-19. Мечот за пехарот почнува од 20 часот.






