петок, 17 април 2026

Шкендија го победи Тиквеш и барем до утре ќе биде лидер во ПМФЛ

Шкендија продолжува сигурно во трката за титулата во ПМФЛ, откако славеше убедлива победа од 1-4 (0-3) на гостувањето кај Тиквеш во 28. коло.

Објавено на

часот

Сподели

Тетовци уште рано ја презедоа резултатската контрола, а Анес Мелиќи донесе водство во 15. минута. До паузата, гостите целосно доминираа и со головите на Бесарт Ибраими и Лиридон Љатифи заминаа на одмор со високи 0-3.

Во второто полувреме Тиквеш кратко се врати во игра преку Благој Стојчев, но надежите на домашните брзо згаснаа откако Фабрис Тамба погоди за конечни 1-4.

Со новите три бода, Шкендија се искачи на 67 бодови и го презеде првото место од Вардар барем до утре, бидејќи скопскиот тим ќе игра со аутсајдерот Шкупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ