По последниот судиски свиреж се случи и инцидент на теренот. Мартиал Годо со провокативно славје ги испровоцира гостинските навивачи и фудбалери, по што следеше бурна реакција.
Надием Амири и Филип Тиц веднаш влегоа во расправија, ситуацијата брзо излезе од контрола, а мораа да интервенираат и редарите. На крајот Амири доби црвен картон по мечот.






