петок, 17 април 2026

Ѓоковиќ стигна во Мадрид, но нема да може да настапи на турнирот

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на престојниот турнир во Мадрид, причината е повреда, Србинот до последен момент се надеваше дека ќе може да игра, но на крајот сепак одлучи да се откаже.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ е во Мадрид, синоќа беше на кошаркарскиот меч меѓу Реал и Црвена звезда. На новинарите им рече дека е неизвесен за настапот на тенискиот турнир, а денеска стигнува информација дека дефинитивно нема да игра.

„Мадрид, за жал нема да можам да се натпреварувам оваа година. Продолжувам со опоравувањето за да се вратам наскоро“, им се обрати Ѓоковиќ на фановите преку социјалните мрежи.

Следниот турнир на кој цели да настапи е мастерсот во Рим кој се игра од 6 до 17 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ