недела, 19 април 2026

Приведен малолетник во Тетово – пронајдени му се 34 пакувања марихуана

СВР Тетово информира дека нивни полициски службеници вчера во 22:05 часот лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Односно за неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Објавено на

часот

Сподели

„При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени  34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со бела прашкаста материја“, информира СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ