Тие пловеле на мразокршачот „Поларстерн“ на Институтот „Алфред Вегенер“ и забележале „непозната маса“ додека барале засолниште од бура, во близина на островот Џоинвил.
За време на патувањето, научниците забележале „кафеава копнена маса“, а како што подоцна се покажало – откриле дотогаш непознат остров.
„Видовме „леден брег“ кој изгледаше валкан. Откако го разгледавме подетално, сфативме дека веројатно е карпа“, рече Сајмон Дретер, експерт за подводна картографија.
Потоа истражувачите го смениле курсот и се упатиле кон „мистериозната маса“. Го запреле бродот на 150 метри од островот и подигнале дрон за да го истражат одозгора.
Островот е долг 130 метри, широк 50 метри и се издига околу 16 метри над водата. За споредба, приближно иста должина како и Големата пирамида во Гиза.
Explorers stumble across a secret ISLAND in Antarctica’s ‘danger zone’ – after initially mistaking it for a dirty iceberg https://t.co/L4qLzaKpJg
— Daily Mail (@DailyMail) April 10, 2026
„На анализираните сателитски слики, островот речиси не се разликуваше од многубројните ледени брегови што се движеа во околното подрачје“, објаснија научниците.
Пред да може да се додаде на мапите – треба да му се даде име. Тимот сè уште не одлучил како да го нарече, а многу интернет корисници решиле да помогнат, објави Дејли меил.
Еден го предложи името „Ајсберг“, а друг „Лумерленд“. Има и хумористични предлози, како на пример „Остров за птичји средби“.






