четврток, 16 април 2026

Алкохолизиран македонски возач предизвикал сообраќајка во Грција

Сообраќајна несреќа со материјална штета предизвикал македонски државјанин – возач на камион на регионалниот пат Солун – Калохори, кој возел под дејство на алкохол, бил уапсен, изведен пред суд и осуден на затворска казна од 15 месеци со можност за откуп, јави дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 49-годишниот возач, државјанин на Македонија сообраќајната несреќа ја предизвикал вчера, а при направениот алкотестот било утврдено дека консумирал алкохол над дозволеното ниво, 0,76 и 0,78 милиграми на литар воздух.

Денеска, бил изведен пред Судот за прекршоци во Солун. каде што бил прогласен за виновен за опасно возење и возење под дејство на алкохол и осуден на 15 месеци затвор со можност за откуп, а било одлучено казната да се претвори во парична – по 10 евра дневно.

Против пресудата, како што објави АНА-МПА, поднел жалба и бил пуштен на слобода.

“Го закачив ретровизорот на паркирано возило додека поминував. Жал ми е, но не можам да го вратам времето назад“, рекол, според АНА-МПА во својата одбрана 49-годишниот возач на камион.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ