петок, 17 април 2026

Зеленски се надева дека САД нема да ги прекинат испораките на оружје и покрај изјавата на потпретседателот Венс

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека Соединетите Американски Држави нема да ја прекинат испораката на опрема за Украина во рамките на програмата ПУРЛ, и покрај изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за можно намалување на финансирањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се надевам дека САД нема да престанат да нè снабдуваат со критични системи. Ова е фундаментално за нас“, кажа Зеленски на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Роб Јетен вчера во холандскиот град Миделбург.

Зеленски кажа дека купувањето оружје во рамките на оваа програма се финансира од европски извори, особено од Холандија, а не од САД.

Програмата ПУРЛ е под надзор на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, додаде Зеленски, наведувајќи ги тешкотиите во обезбедувањето финансирање за тој механизам.

„Се надевам дека програмата нема да биде прекината. Таа е важна и за Украина и за САД. Станува збор и за одржување на врските со Европа и покажување единство“, кажа Зеленски.

Украинскиот претседател призна дека растечките тензии на Блискиот Исток би можеле да го загрозат продолжувањето на програмата.

Неговата изјава доаѓа откако Венс изјави дека е „горд“ на драстичното намалување на испораките на американско оружје за Украина, објавија светските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ