Според информациите, во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри.
Воедно, за овој простор Општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности, согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион.






