петок, 17 април 2026

Претпремиерни проекции во Битола на филмот „Железната тврдина“

Денеска и утре со почеток во 19:30 часот во кино „Манаки“ во Битола ќе се одржат две претпремиерни проекции на филмот „Железната тврдина” во режија на единствениот македонски добитник на наградата “Златна палма”, режисерот Митко Панов.

Објавено на

часот

Сподели

Железна тврдина е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни.
Освен осумте штитениции на психијатриската болницата, во главните улоги настапуваат и Синоличка Трпкова, Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров (како Тошо Малерот), Стефан Шашков и Јасмина Котевска.
За разлика од физичкто здравје, менталното здравје и хигиената се чест предмет на стигмитизција, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација. Од таа перспектива, морален прерогатив на филмот „Железна тврдина“ е поткревање на нивото на свест и информираност, со цел на надминување на таа друштвена стигма.
На проекцијата ќе бидат присутни режисерот Митко Панов, Јасмина Котевска и Стефан Шашков од ЦКИ-Небо кои по проекцијата ќе одговараат на прашања од публиката.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ