петок, 17 април 2026

Украина спремна за состанок на Путин и Зеленски во Турција

Украина е подготвена за средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин во Турција, изјави денес во Анталија украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Подготвени сме за средба на лидерите во Турција, на која би се собрале претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, во присуство на претседателите на Турција и Соединетите Американски Држави, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп“, објави Сибиха на социјалната мрежа Телеграм.

Тој истакна дека веќе им ја пренел оваа намера на турските партнери.

„Турција игра важна улога во мировните напори“, кажа Сибиха на Дипломатскиот форум во Анталија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ