петок, 17 април 2026

Ченто до СДСМ: „Народот не заборава“

Јане Ченто реагира на изјавите на СДСМ за наводен „политички прогон“, оценувајќи дека станува збор за лицемерие.

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата тој посочува дека токму оние кои денес зборуваат за прогон, во минатото, според него, вршеле притисоци, апсења и злоупотреби на институциите.

Ченто наведува дека имало случаи на притвори и судски постапки против лица кои, како што тврди, биле невини, како и уцени и притисоци.

Во реакцијата нагласува дека јавноста „добро памети кој бил гонет, а кој гонел“, додавајќи дека вистината не може долго да остане сокриена.

Тој порачува дека ќе има одговорност за, како што вели, неправдите од минатото, потенцирајќи дека „народот не заборава“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ