сабота, 18 април 2026

Ковентри по 25 години се врати во Премиер лигата

Екипата на Ковентри по четвртина век повторно ќе игра во најдобрата англиска лига откако синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај Блекбурн и дојде до бод со кој и теоретски го избори пласманот.

Фото: ФК Ковентри

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите го слават Френк Лампард кој седна на кормилото кога тимот беше речиси на дното и успеа да го однесе во Премиер лигата.

Со вчерашниот бод, Ковентри има 13 бодови повеќе од третпласираниот Милвол, предност која теоретски не е достижна во последните четири кола.

Најголемиот успех на клубот е освојувањето на ФА Купот во 1987 година, а интересно е што пред последното испаѓање од Премиер лигата дури 34 последователни години беа во елитниот ранг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ