Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи изјави за државните медиуми дека Техеран не го ни разгледува тоа.
„Морам да истакнам дека збогатениот ураниум од Иран нема да биде префрлен никаде. Исто како што почвата на Иран е важна и света за нас, ова прашање е исто така од големо значење за нас“, порача Багаи. Тој додаде дека таква опција никогаш не била на маса.
Зборувајќи за можноста за запирање на збогатувањето на ураниумот, Багаи ги критикуваше извештаите дека тоа се дискутирало за време на преговорите, но не го негираше директно.
Изјавите на Трамп доаѓаат откако тој тврдеше дека Иран ќе го предаде својот збогатен ураниум, кој потоа ќе биде префрлен во САД. „Ќе го решиме тоа заедно. Ќе влеземе со Иран, со лесно и опуштено темпо, ќе одиме таму и ќе почнеме да ископуваме со големи машини… Ќе го вратиме во САД“, кажа Трамп.
Тој спомна и „нуклеарна прашина“ и додаде дека таа ќе биде собрана „многу брзо“. Терминот на Трамп се однесува на она што тој го смета за остатоци откако САД и Израел ги бомбардираа нуклеарните објекти на Иран минатиот јуни.






