сабота, 18 април 2026

„Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти во ЈУ Детски културен центар – Карпош

Натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ ќе се одржи денеска ЈУ Детски културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки инструменти како кавал, гајда, зурла и дудук, како и жичени инструменти како тамбура, ќемане и гусла. Тие се често придружени со ритмички инструменти како тапан, дајре и тарабука, создавајќи автентичен звук кој се пренесува со генерации.

Како што посочуваат од ЈУ Детски културен центар – Карпош, стручна жири комисија составена од еминентни музички педагози и уметници ќе ги оценува настапите според уметничкиот израз, техничката подготвеност и автентичноста на изведбата.

За најуспешниот натпреварувач е предвидена престижната Гранд при награда, како највисоко признание на манифестацијата.

Настанот има за цел да го поттикне и афирмира музичкото творештво кај младите, како и да ја негува традицијата и културното наследство преку изведба на изворни и класични музички дела. Натпреварите ќе се одвиваат во неколку категории, со учество на талентирани млади музичари од различни возрасти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ