сабота, 18 април 2026

Избор на ново раководство на шестиот конгрес на Партијата на Власите во Македонија

Партијата на Власите од Македонија денеска ќе го одржи својот шести редовен конгрес, на кој ќе биде избрано новото раководство на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од партијата, одржувањето на редовниот конгрес претставува потврда за статутарното, континуирано и институционално функционирање на Партијата на Власите од Македонија, во согласност со демократските принципи.

На конгресот се очекува учество на делегати од целата држава, кои ќе расправаат за клучни прашања поврзани со функционирањето, развојот и идното позиционирање на партијата. Покрај делегатите, најавено е присуство и на градоначалници, високи функционери и пратеници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ