Нено Димитријевиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија откако потпиша четиригодишен договор со овој шпански клуб.
Изминатата сезона Димитријевиќ ја заврши со просек од 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции во шпанското првенство, и 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции во просек во европската лига.
Валенсија е привлечен град за македонските спортисти покрај Димитријевиќ таму веќе се и Енис Барди и Наташа Андонова кои играат за фудбалските клубови на Леванте.






