Гурбиндо беше дел од подготовките на Вардар, но пред да почне новата сезона тој незадоволен си замина од клубот и деновиве треба да го комплетира трансферот во Динамо Букурешт.
На денешната прес-конференција, тренерот Вујовиќ беше запрашан за ситуацијата со Гурбиндо.
„Гурбиндо веќе има и романски број, можевте и него да го прашате. Сето ова за нас беше изненадување. Ние уште од првиот ден го пречекавме до еуфорија, тој е еден класа играч и сигурно ќе недостасува, меѓутоа повеќе во одбрана отколку во нападот. Ги имаме тука Њокас и Моралес кои можат да дадат повеќе во напад. Сигурно ќе недостасува Гурбиндо, но кој го нема без него се мора“, вели Вујовиќ.
Гурбиндо за шпанските медиуми изјави дека проектот на Вардар не бил таков каков што му бил претставуван и затоа си заминал. Се шпекулира дека тој влегол во кавга со тренерот Веселин Вујовиќ и затоа решил да замине.






