Тетовци отворија одлично со раниот гол на Тамба, но гостите брзо се вратија, а потоа преку Никел направија целосен пресврт и стигнаа до убедливи 1-3 уште пред паузата. Во вториот дел Бесарт Ибраими намали на 2-3, но Шкендија немаше сили за целосен камбек.
Од овој исход најмногу профитираше Вардар кој сега е на плус четири во однос на Шкендија.
Во вториот натпревар, Струга Трим Лум рутински славеше над Силекс со 2-0 и ја обезбеди третата позиција на табелата. Стружани ги искористија ротациите на гостите и со головите на Маудо и Малески мирно го приведоа мечот кон крајот.






