Кристијано Роналдо минатиот месец се врати на Олд Трафорд и по 12 години повторно го облече дресот на „ѓаволите“.
За Ричард Екерсли сето ова е прилчно лудо, со оглед на тоа дека тој во 2009 имаше прилка да игра со ЦР7, и додека Португалецот се уште прикажува партии на највиското ниво, тој со години е надвор од светот на фудбалот, има сопствен бизнис и произведува млеко од овес.
„Постојано мислам на ова“ – вели Ришард Екерсли, кој последниот натпревар го одигра во 2015 во дресот на Олдам и стави крај на кариерата на 26 години.

„Роналдо се врати во Манчестер јунајтед, а кога последен пат беше таму, и јас бев дел од клубот. Тренерив со него. Тој се уште игра фудбал а јас произведувам млеко и сум сопственик на продавница. Ова е прилично лудо“.
„Но не би го заменил животот. Навистина сум среќен. Во мои раце ја имам сопствената судбина и тоа за мене е бесценето“.
Ришард Екерсли во 2009 дебитираше за првиот тим на Манчестер јунајтед, но истата година го напушти клубот откако не доби нов договор. Имаше и авантура во САД, по која решил да стане веган. По крајот на кариерата, тој почнува бизнис, отвара продавница за храна со нула-отпад а подоцна почнува и со производство на млеко од овес.






