вторник, 28 април 2026

Винисиус и Бензема во самиот финиш му донесоа победа на Реал Мадрид на Местаља (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во првото полувреме мрежите мируваа. Резултатот беше отворен во 66. минута Дуро донесе водство за Валенсија.
 
Времето одминуваше, се помали стануваа шансите на Реал Мадрид, но тандемот Винисиус – Бензема се разбуди и донесе победа.
 
Најпрво во 86. минута Бензема додаде до Винисиус кој погоди за израмнување на 1-1.
 
Две минути подоцна Винисиус нафрли, Бензема постигна гол со глава за победа на Реал Мадрид од 2-1.
 
Реал Мадрид со оваа победа се искачи на првото место на табелата во Примера со два бода пред Атлетико Мадрид и три пред Валенсија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ