вторник, 28 април 2026

Трета генерација Малдини, Даниел даде гол во победа на Милан над Специја (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По Чезаре и Паоло, нов Малдини почнува да му носи радости на Милан, Даниел го постигна својот прв гол во Серија А.
 
19-годишниот Даниел Малдини денеска го имаше своето деби како стартер во Серија А и успеа да ги освои насловните страници.
 
Течеше 48. минута кога Калулу нафрли, а Малдини погоди со глава за водство на Милан од 1-0.
 
 
Специја израмни во 80. минута со гол на Верде, но седум минути подоцна гол даде Брахим Дијаз за победа на Милан од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ