понеделник, 27 април 2026

Тепачки меѓу фановите на Лестер и Наполи, и на стадионот и надвор од него (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мечот меѓу Лестер и Наполи заврши нерешено 2-2, но во центарот на внманието не беа само фудбалските работи.

Пред почетокот на мечот навивачите на двата клуба имале пресметки низ улиците на Наполи, се користеле каиши, летале столици и разни други предмети.

Проблемите продолжиле на Кинг Паур стадионот, и покрај тоа што биле разделени, навивачите на двата клуба успеале да дојдат едни до други и да го продолжат тоа што го започнале надвор.

Според информации од Англија, инцидентот на стадионот почнал кога фанови на Лестер почнале да фрлаат со пластични шишиња кон навивачите на Наполи. 

Интервенцијата на полицијата спречила посериозен инцидент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ