Солшер има голема поддршка од раководството на Манчестер јунајтед кое ова лето му ги донесе Санчо, Варан и Роналдо, но добриот преоден рок го зголемува и притисокот за резултати.
Статистиката на Солшер во Лигата на шампионите со Маначестер јунајтед е очајна, синоќа доживеа нов ладен туш во Швајцарија.
Манчестер јунајтед е поразен на седум од 11 натпревари под водство на Солшер во Лигата на шампионите. Црвените ѓаволи само еднаш во тие 11 мечеви на Солшер во ЛШ не примил гол.
Мислењата на фановите на Јунајтед се поделени за тоа дали клубот треба да се обиде со нов тренер или Солшер е иднината.
Многумина од навивачите се уште му ја даваат поддршката, сметаат дека тој е вистинскиот наследник на Сер Алекс Фергусон и само прашање на време е кога ќе почне да освојува трофеи.
Но некои мислат дека Солшер нема капацитет да го води тимот на Манчестер јунајтед до титули. Досега не покажал врвно тактичко знаење, а победите најчесто пристигнуваат поради индивидуалните квалитети на фудбалерите.
Како и да е, се е во рацете на Солшер, од следните натпревари ќе заврши дали ќе го зголеми притисокот кон себе или ќе им ги затвори муцките на оние кои се сомневаат во него.
Раководството на Јунајтед има две значајни опции за нов тренер, пред се тоа е Антонио Конте кој важи за тренер победник и со овој состав би требало да испорача резултати.
Втората опција е Зинедин Зидан кој исто така е слободен тренер по разделбата со Реал Мадрид.






