вторник, 28 април 2026

Се тресе столчето на Куман, тројца кандидати за нов тренер на Барселона

Објавено на

часот

Сподели

По ремито со Гранада на Камп Ноу се зголемија шпекулациите за тренерска смена во Барселона.

Шпанските медиуми веднаш почнаа да ги поврзуваат слободните тренери со Барселона.

Според нив има тројца кандидати, Антонио Конте, Чави и Андреа Пирло.

Андреа Пирло речиси и да нема шанси, дури е и неверојатно како е поврзуван со Барселона по лошото искуство во Јувентус.

Антонио Конте е врвен тренер, но проблем е неговиот стил на игра кој не е онаков каков што би сакале навивачите на Барселона. Италијанецот игра премногу дефанзивно за да биде тренер на Каталонците.

Како најголем фаворит се споменува Чави. Со самото доаѓање на Лапорта се веруваше дека Чави ќе го преземе кормилото на Барселона, можеби тоа наскоро и ќе се оствари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ