Манчестер Сити беше голем фаворит против Саутемптон, се очекуваше сигурен триумф, но тоа не се случи. Мрежите на овој меч останаа мирни.
По трите порази по ред, Арсенал врза две победи. Овој пат го совладаа Барнли на негов терен со 1-0.
Одегард во 30. минута со прекрасен гол од слободен удар ја донесе победата.
За разлика од Сити, Ливерпул дојде до лесна победа денеска. Беше совладан Кристал Палас со 3-0.
Мане го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, Салах во 78. минута зголеми на 2-0, а Кеита на минута пред крајот ги постави конечните 3-0.
Ватфорд со 3-1 славеше на гостувањето кај Норич.






