Роналдо имаше фантастично деби, постигна два гола, а Манчестер јунајтед го победи Њукасл со 4-1.
„Моето враќање на Олд Трафорд беше само мало потсетување за тоа зошто овој стадион е познат како „Театар на соништата“. За мене отсекогаш било магично место каде што можеш да постигнеш се што ќе замислиш“, пишува Роналдо на социјалните мрежи.
„Заедно со сите мои соиграчи и со неверојатната поддршка која секогаш ја имаме од трибините, се соочуваме со патот пред нас со самодоверба и оптимизам дека сите заедно на крајот ќе славиме“.
„Горд сум што повторно сум во Манчестер јунајтед и играм во Премиерлигата уште еднаш, но пред се, среќен сум да му помагам на тимот“.
„Ајде ѓаволи!“.
View this post on Instagram






