понеделник, 27 април 2026

Рајола издвои еден тим во трката за потписот на Пол Погба

Објавено на

часот

Сподели

Пол Погба ги одбратува последните 12 месеци од договорот со Манчестер јунајтед, никако да пристигне абер за нова соработка, па често има гласини за иднината на фудбалерот од средниот ред.

Последните шпекулации го поврзуваа Пол Погба со трансфер во Барселона, но Мино Рајола ја отвори вратата за враќање на Французинот во Јувентус.

„Пол Погба е под договор до јуни, ќе разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи“ – вели контроверзниот агент.

„Торино има посебно место во срцето на Пол, па има шанси тој да се врати во Јувентус, но многу работи зависат и од плановите на Јувентус“.

Јувентус во 2012 го ангажираше Пол Погба беспари како слободен играч и по четири одлични сезони го продаде на Манчестер јунајтед во зделка вредна околу 105 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ